Плачев од среќа: Пејачка и пријателка на Милица Тодоровиќ ѝ го спасила животот

Колешките Милица Тодоровиќ и Емина Јаховиќ имаат одлична соработка, а познато е дека снимија дует. Покрај тоа, Емина и помогна на Милица да реши здравствен проблем.

Имено, Милица Тодоровиќ со години имаше проблем со синусите, поради што имаше потешкотии со дишењето, а поради употребата на капки за нос, си направи уште поголема „штета“ на самата себе.


Поради нивната прекумерна употреба, тие и предизвикаа нервоза и напнатост на пејачката, па таа реши да побара помош од нејзината колешка Емина, која и препорача добар хирург.

- Се распрашав за добар лекар, па Емина препорача еден во Истанбул. Малку се исплашив затоа што никогаш не сум била под анестезија. Кога сè беше готово и кога дишев воздухот, плачев од среќа – рече  Милица.


Иако поминало многу време од операцијата на Милица, пејачката не се чувствува многу добро кога е во прашање нејзиното закрепнување.

- Сè уште е отечено и зборувам на носот. Кога го видов отокот, се исплашив, па мајка ми ме смири - рече Тодоровиќ.


Фото: Инстаграм/milicatorovicofficial/