Планира да живее 180 години: Асистентка за долговечност

Американскиот бизнисмен Дејв Аспреј сака да ја измами смртта, и во најмала рака, да ја одложи на подолго време. За тој план планира да потроши повеќе од 300 000 долари како би го прилагодил умот и телото. Целта му е да доживее 180 години.

Во својата фабрика во Калифорнија, Аспреј ќе отвори посебни лаборатории во кои членовите ќе можат да вежбаат таканаречени „биохакинг“ насоки на подигање на имунитетот, енергијата и продолжување на животот, пренесе Бизнис инсајдер.

Еве како изгледа денот на некој кој сака да ја „измами смртта“, чекор по чекор:

1. Мобилен, кафе, УВ зраци ...

Пред да си легне, Аспреј својот телефон го префрла на т.н. „аirplane mode“ и го држи така се додека децата не ги однесе во школа.

-Нашиот нервен состав следи известување. Кога телефонот е уклучен, примате електромагнетски фрекфенции кои не ви требаат.

Аспреј наутро пие и кафе кое му дава енергија за денот, лежи 10 минути под УВ светло за кое вели дека го забавува стареењето и стои на „вибрирачка платформа“ за согорување на калории. Се придржува и до терапија со лед која го намалува воспалението на мускулите.

2. Секогаш имајте асистент/ка

Тајничката на Аспреј му помага да не мисли премногу за својот дневен распоред што ја зголемува неговата ефикасност на работа. Тој настојува да го редуцира бројот на одлуки кои во текот на денот мора да ги донесе.

3. Вежби, вежби, ама и одмор

Аспреј верува дека целта на вежбите ќе му овозможат на телото да расте и да се менува. Тој интензивно вежба најмалку барем еднаш неделно, бидејќи да го прави тоа секој ден, телото не  би му се опоравило до следното вежбање.

4. Само овошје, СТОП за грицки

Ако вашето тело бара нешто за грицкање, значи дека вашиот последен оброк не бил добар, смета Аспреј. Неговата исхрана се состои од многу зеленчук и малку глутен, шеќер и млечни производи. За ручек јаде зеленчук скинат од неговата органска фарма, а во оброкот се додава авокадо, салата од морков и цвекло. Во сето тоа додава и маслиново масло, билки ...

За вечера повторно јаде линија зеленчук, но и малку месо со додаток на ориз, компир или тиквички.

5. Шест часа сон се доволни за здрави луѓе, а важна е и ладната соба.

Просечно, Аспреј спие шест часа и две минути.

На здравите луѓе им треба помалку сон. Тука не се работи за пократко спиење туку за квалитет на сонот кој го имаме“, вели тој.

За да би спиел подобро, на прозорците има црни завеси за да не влегува светло во собата, а душекот му е изработен од најквалитетен материјал. Во спалната соба се грижи и за квалитетот на воздухот, а пред спиење куќата ја лади за да достигне 20 степени за кои верува дека се оптимална температура за спиење.