ПМФЛ-6 коло: ФФМ ги одреди судиите, дербито се игра во Струмица

В недела се играат  сите средби од 6. коло во ПМФЛ, дербито е во Струмица, Академија Пандев ја пречекува Струга која има максимален ефект по првите 5 рунди.

Струга гостува кај Академија Пандев која победи против Скопје во 5-то коло, а сега сака две врзани победи на домашен терен, доаѓа супер изненадувањето Струга која не знае за пораз.

Судија на мечот на стадионот „Младост“ ќе биде Александар Грујоски од Кичево.