ПМФЛ-6коло: Академија Пандев го пречекува лидерот, Струга има пет од пет во првенството

Денес со почеток од 16 часот се играат средбите од 6 коло во ПМФЛ, дербито е во Струмица, Академија Пандев го пречекува тимот на Струга.

Предводени од Срѓан Захариевски, Струга има максимален ефект, 5 од 5, императив за тимот на Ѓорѓе Стојчев е да запишат победа, Академија Пандев има две победи во низа на домашен терен.

Двојки, 6 коло:

Академија Пандев – Струга

Брегалница-Шкупи

Шкендија-Македонија ЃП

Скопје – Победа

Силекс – Тиквеш