ПМФЛ: Дерби во Ѓорче Петров, Македонија ја пречекува Шкендија

Денеска се играат средбите од 17 коло во ПМФЛ, во Ѓорче Петров гостува Шкендија, додека лидерот Струга ТЛ е голем фаворит против Академија Пандев која е во голема криза.

Македонија ЃП која на последните 5 средби има 2 победи, 2 нерешени и еден пораз, ја пречекува Шкендија, екипата од Тетово има само една победа на последните 5 средби.

Струга ТЛ барем на „хартија“ е апсолутен фаворит против Академија Пандев, домашните се во серија од две победи, додека тимот од Струмица има само една на последните 5,меча.

Двојки 17 коло – 13 часот:

Македонија ЃП – Шкендија

Струга ТЛ – Ак. Пандев

Победа-Скопје

Шкупи-Брегалница

Тиквеш – Силекс