Спорт // Спорт
ПМФЛ: Еврогол во Кратово, Шкупи падна пред Силекс
Во дербито на 20. коло во Првата македонска фудбалска лига, екипата од Кратово, Силекс успеа да му го наенесе на шампионот Шкупи третиот пораз сезонава а запиша триумф со 2:1 .
Силекс поведе со 2-0 Стефан Милосављевиќ во четвртата минута постиган еврогол и Марко Ѓорѓиевски во 32. минута зголеми на 2-0.
ЕВРОГОЛОТ НА МИЛОСАВЉЕВИЌ:
https://twitter.com/dribling2021/status/1629917596026822659
Во продолжението Шкупи преку Мамаду Данфа во 57. минута намали на 2-1 што беше конечен резултат.
Брегалница во Скопје славеше над Работнички со 1:0, а единствениот гол го постигна Иван Николов уште во 4. минута.
Со голот на Синари во 61. минута Шкендија славеше против Победа.
Скопје и Тиквеш одиграа без голови.