ПМФЛ: Силекс го предизвикува Шкупи во 20 коло

Четири средби денеска на програмата во ПМФЛ, шампионот Шкупи гостува кај Силекс во Кратово со фаворитска улога.

Шкупи е најефикасниот тим сезонава во ПМФЛ со 36 голови, Силекс постигна 21 гол досега во прволигашката конкуренција.

Шкендија по поразот во првото коло од вториот дел од сезоната ја пречекува Победа, додека Работнички е домаќин на Брегалница.

Скопје ќе бара бодови против незгодниот Тиквеш, сите средби започнуваат од 14 часот.

САБОТА:

Струга ТЛ - Македонија ЃП 0-0

НЕДЕЛА

Силекс -Шкупи

Шкендија -Победа

Работнички - Брегалница

Скопје -Тиквеш

ФОТО: ФК ШКУПИ/ФЕЈСБУК