ПМФЛ: Скопското дерби, Работнички - Шкупи во фокусот на 18 коло

Денеска се играат средбите од 18 коло во ПМФЛ, внимание привлекува дуелот меѓу Работнички и Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.

Лидерот Струга има фаворитска улога против Скопје на гости, во Струмица Академија Пандев бара излез од кризата против Тиквеш.

Силекс во Кратово ја пречекува Македонија ЃП, во Штип, Брегалница ја пречекува Победа.

Двојки – 18 коло:

Работнички – Шкупи

Ак. Пандев – Тиквеш

Скопје-Струга

Силекс – Македонија ЃП

Брегалница – Победа

Шкендија е слободна во ова коло, сите натпревари започнуваат од 13 часот.