ПМФЛ: Струга пред промоција на шампион на Македонија

Во ПМФЛ,  денеска натпревари  30.  коло, можна е разврска за титулата по сценарио во кое победа на Струга против Силекс  и најмалку реми на Чаир или победа на  Шкупи против Шкендија, ќе значи историја за стружани и прва шампионска круна.

Работнички се среќава со Брегалница,  додека Македонија ЃП  е фаворит  со Победа.

 Академија Пандев во Струмица ќе се соочи со Тиквеш и со евентуална победа дефинитивно ќе обезбеди опстанок во елитното друштво.

Сите натпревари почнуваат во 17 часот.

ФОТО: ФК СТРУГА