ПМФЛ: Струга ТЛ - Македонија ЃП прв натпревар од 20 коло

Со натпреварот Струга ТЛ -Македонија ЃП, започнува 20 коло во ПМФЛ.

Лидерот Струга ТЛ важи за фаворит против Македонија ЃП,  на стартот на вториот дел двете екипи не успеаја да победат.

Струга ТЛ одигра нерешено со Тиквеш на гости, додека Македонија ЃП загуби од Академија Пандев на домашен терен.

Средбата Струга ТЛ-Македонија ЃП се игра од 14 часот.

Двојки, 20 коло ПМФЛ (14.час.):

САБОТА:

Струга ТЛ - Македонија ЃП

НЕДЕЛА

Силекс -Шкупи

Шкендија -Победа

Работнички - Брегалница

Скопје -Тиквеш