По гласините дека е во врска со Џенифер Анистон: Се огласи Дејвид Швимер

Неодамна се појавија гласини дека Џенифер Анистон и Дејвид Швимер, кои ги играа Рејчел и Рос во серијата Пријатели, се зближија во реалниот живот.

Меѓутоа, Дејвид преку својот портпаролот ги отфрли тие шпекулации. Тој рече дека не е точно дека е во врска со Џенифер, пишува Page Six.

Да потсетиме, извор близок до актерите откри за списанието Closer дека по специјалната епизода на Пријатели, тие почнале да поминуваат многу време заедно.

- По собирот, стана јасно дека размислувањето за минатото ги разбуди чувствата кај двајцата и дека хемијата што ја чувствуваа е сe‘ уште присутна. Наскоро почнаа да се допишуваат, а минатиот месец Дејвид полета да ја посети - рекол извор за списанието Closer.

Според изворот, тие времето го поминале во домот на Џенифер Анистон.

- Видени се и како пијат вино во едно од нејзините омилени лозја во Санта Барбара. Очигледно беше дека меѓу нив има силна хемија - додаде изворот.

За време на снимањето на специјалната епизода „Пријатели“, актерите признаа дека се вљубени еден во друг, но дека нема ништо меѓу нив и дека сите свои емоции ги насочија во ликовите што ги играа.


Фото: Profimedia