По информацијата дека тој наводно бил сериозно болен: Се огласи Бора Чорба

Во некои медиуми оддекна веста дека фортменот на култната југословенска група „Рибња чорба“ Бора Чорба не е добар со здравјето, однсоно дек аму се влошила состојбата.

Бора Ѓорѓевиќ- Бора, реагираше по таа информација и за „Новости“ се огласи.

- Среќна Нова година на сите, со нетрпение го очекувам големиот концерт во Белград - рече Бора Чорба за „Новости“.

Да потсетиме, Бора Ѓорѓевиќ, кој живее во Љубљана, не присуствуваше на кремирањето на неговиот долгогодишен пријател и колега Миша Алексиќ. За жал, басистот на „Рибља чорба“ почина за време на борбата со вирусот корона.


Фото: Инстаграм/ulbl_photo