По смртта на поранешното момче, Аријана Гранде најде нова љубов: Со него и се вери

Музичката ѕвезда Аријана Гранде минуваше низ тежок период во последните две години. Од терористичкиот напад на нејзиниот концерт до ненадејната смрт на поранешното момче Мек Милер. Пејачката вели дека не би можела да преживее сè доколку не одела на терапија.

Имено, пред извесно време на мала промоција на нејзиниот нов албум и нова песна на социјалните мрежи, Аријана ја искористи можноста да ги советува своите обожаватели да побараат помош доколку им е потребна, знаејќи дека терапијата за многумина е сè уште табу тема.

- Искрено, терапијата ми го спаси животот многу пати. Ако се плашите да побарате помош, не плашете се. Вие не треба да бидете во постојана болка, бидејќи е можно да се надмине траумата. Имам уште многу да работам, но големиот почеток е што знам дека е можно закрепнување - откри Гранде.

Изгледа дека терапијата и помогна.

Гранде одлучи да ја одведе врската со Далтон Гомез на едно повисоко ниво. Имено, музичката sвезда се вери со него.

- Тие не можат да бидат посреќни, тие се толку возбудени. Ова е среќно време за нив, а родителите се воодушевени - изјави извор близок до парот за списанието „Пипл“.

Честитки пристигнуваат од сите страни.

- Честитки за овие прекрасни души. Ари, ние те сакаме и сме пресреќни поради тебе. Далтон, ти си среќен човек - ја раскажа среќната вест менаџерот на Аријана, Скутер Браун.

Инаку, Аријана Гранде ги објави среќните вести на Инстаграм и се пофали со вереничкиот прстен што го доби.


Фото: Инстаграм/arianagrande