Побара да си замине: Лео Меси му вели ЧАО на клубот Барселона
Со факс испратен до клубот Барселона, Лео Меси побара да му биде дозволено да замине ова лето. Оваа вест одекна на големо во спортскиот свет. Еден од најдобрите фудбалери во историјата се повика на клаузула која му овозможува веднаш да си замине како слободен играч, клубот вели дека таа истекла на 10 јуни и дека тој има договор до 2021, со откупна клаузула од 700 милиони евра.
Се верува дека двете страни сега ги очекува правна битка, а она што би можело да го премисли Меси е оставка на претседателот Бартомеу и предвремени избори во клубот.
Без разлика на сѐ, Меси е решен да си замине од клубот во кој помина 20 години, ги урна сите можни рекорди и освои 34 големи трофеи.
Неговата плата во Барселона инаку изнесува 500.000 евра неделно.
Како можен иден клуб за кој че игра се предвидува дека тоа е Манчестер сити како и ПСЖ. И Интер е на листата.