Побогата од Кралицата Елизабета: Дедо и беше крал на порнографијата

Нејзиниот дедо, порно магнетот, Пол Рејмнод го отвори првиот стриптиз клуб во Велика Британија, а целото свое богатство им го оставил на внуките по неговата смрт. Точно 600 милиони евра, повеќе за 100 милиони евра од богатството на Кралицата на Велика Британија.Тоа било можност за Индија Роуз да живее лудо, но таа не го прави тоа.

Дедо и го изградил првиот стриптиз бар и ги вовел порно магазините во Британија . За тоа време купувал земјиште во Сохоу и станал сопственик на околу две третини на овој престижен кварт во Лондон.

„Не возам и немам возачи. Одам со такси и метро“, рекла Индија. Таа и сестра и имаат 24 хектари земја со елитни недвижности во Сохоу кое е практично цело во нивна сопственост. Тука доручкуваат секое утро.

„Ме нервира кога луѓето ме прашуваат зошто работам. Да, би можела да летам по светот, и да, сакам да си се почастам со некој годишен одмор, но сакам од нешто да бидам корисна. Сакам мојот дедо и семејство да бидат горди на мене. Би сакала луѓето прво да ги видат моите достигнувања, па дури тогаш да говорат за мојот дедо. Сакам да почуствувам како сама нешто да сум направила, посебно затоа што некои луѓе очекуваат да не работам ништо“, рекла Индија.