Почина во Неверленд: Шок детали- што пронашле во просторијата каде што го најдоа телото на Мајкл Џексон?
Деталите се прикажани во документарецот за Мајкл Џексон, во кој тројца детективи го откриваат текот на истрагата што уследи по потврдата дека пејачот починал во неговиот дом на имотот Неверленд на 25 јуни 2009 година, пред 11 години.
Голема полемика започна со веста за неговата смрт, за која неговиот личен лекар Конрад Мареј беше осуден на две години затвор, во 2011 година за нелегална комбинација и доза на лекови што му ја даде на Мајкл.
Мареј ја одлежа казната, а детективите Орландо Мартинез, Ден Маерс и Скот Смит откриваат што пронашле во просторијата каде Џексон е пронајден мртов.
- Имаше забелешки, парчиња хартија залепено низ целата просторија, огледала и кратки пароли и изрази по вратите - рекоа тие и додадоа дека спалната соба била во неред, и дека некои од тие натписи биле зборови од песни.
- Кога влеговме во просторијата каде што Конрад го лекуваше Мајкл, најдовме компјутер на креветот, а на креветот имаше и шарена кукла и фотографии од бебиња, слични на оние од рекламите - посочија тие.
Детективите исто така рекоа дека просторијата не изгледала како соба во која некој би се лекувал, а дека ја пронашле и торбата на доктор Мареј во која имало лек за кој се верува дека го убил Мајкл.
Како што велат, пронашле и „тони отпад, игли, празни шишиња, сè што не требало да биде таму“.
фото:PROFIMEDIA