Почувствува дека нејзиниот сопруг мириса непријатно: Кога отидоа на лекар, целиот свет се сруши врз нив

Џој знаела дека има силно чувство за мирис, но не ни сонувала дека со тоа ќе му го спаси животот на сопругот.

Таа се повеќе забележувала непријатен мирис кај нејзиниот сопруг Лес и упорно го привлекувала вниманието на фактот дека нешто не е во ред со него. Шест години подоцна, на Лес му била дијагностицирана Паркинсонова болест и парот започнал да поддржува групи за луѓе кои се борат со оваа невродегенеративна болест.

Џој наскоро сфатила дека на состаноците на оваа група го чувствува истиот мирис што го забележала кај нејзиниот сопруг.

„Чувствував непријатен мирис насекаде околу мене, целата соба испушташе специфичен мирис што беше неподнослив“, рече Џој.

Бидејќи истражувачите кои се занимавале со Парконсон не биле сигурни во тврдењата на жената, тие извршиле серија тестови каде го провериле чувството за мирис, но Џој го поминала секој тест совршено.

Научниците сега веруваат дека Паркинсоновата болест предизвикува суптилни промени во природните масла што се наоѓаат во нашата кожа, па оттука и необичниот мирис што Џој го чувствувала цело време. Благодарение на ова сознание, можно е рано дијагностицирање на оваа хронична болест.


Паркинсоновата болест е нарушување во движењето како резултат на намалена секреција на допамин, поради што пациентот има симптоми на тремор и мускулна вкочанетост.

извор:beograd.in