Поддршка за Илон Маск што ги отпушти сите од Твитер: „Тие навистина не работеа ништо“

Твитер беше купен, а новиот сопственик Илон Маск имаше само три збора да им каже на сите вработени: „Вие сте отпуштени“.

Бидејќи тој дефинитивно ги отпуштил сите на многу уникатен начин, многу поранешни вработени во оваа компанија излегоа во јавноста да објавуваат видеа во кои се жалат на начинот на кој се однесувал новиот извршен директор кон нив.

Како што видео клипот стана вирален, некој се досетил да покаже како изгледал Твитер пред Маск да го купи. Имено, видеото во кое девојка вработена во таа компанија објаснува како изгледа нејзиниот работен ден, сосема јасно покажува дека Twitter се потрудил на своите вработени да им обезбеди многу добар простор за работа и релаксација.

„Го започнувам утрото со смути, подоцна имам состанок во посебна просторија која е затемнета. Навистина е кул. Кога тоа заврши отидов да јадам нешто, погледнете колку вкусно изгледа оваа храна. Се прејадов, но потоа навратив до нашиот простор за релаксација. Имаме соба за медитација и јога, јас не го правам тоа, но тоа е многу кул“, вели таа во видеото.

Таа продолжила дека подоцна имала уште еден состанок и дека привршуваат некои проекти, се напила кафе и на крајот се напила вино и се качила на терасата да ужива во глетката.

@success.speaking #elonmusk #twitter #unemployed original sound - Guide to success

Можеби ова ви изгледа како идеална работна средина, веројатно е, бидејќи кој не би работел толку многу со најдобри можни услови и плати, сепак, коментарите под видеото сугерираат поинаква перспектива.

Поголемата слика за отпуштањето на вработените на Твитер изгледа ја забележаа многумина кои го коментираа ова видео.

„Едвај виде компјутер“, „Вработените на Твитер почнаа да плачат откако ги тераа да работат повеќе од 30 минути дневно“, „Илон пак ги натера да работат, затоа се лути“, „Сега гледам зошто Илон отпушти многу луѓе, тие навистина не работатништо“, се вели во коментарите.

„Значи, Илон всушност го направи ова место нормална работна средина? Мислам дека ја направи вистинската работа. Твитер пред Илон е шега, добредојдовте назад во реалноста“, коментира еден корисник.


Фото: Printscreen/unplash