Технологија // Технологија
Подгответе се за нови нервози на Јутјуб: Воведува реклами кои ќе траат многу подолго и нема да може да ги прекинете
Фрустрирани сте со количината на реклами на платформата YouTube? Подгответе се за нова рунда на фрустрација бидејќи на екраните се појавуваат полуминутни реклами кои нема да можат да бидат прекинати.
YouTube најави дека наскоро ќе воведе нов вид на рекламирање на својата платформа. Тие ќе бидат полуминутни реклами без можност за прекин. За ваша среќа или за жал, тој тип на реклами засега ќе се применува само на апликацијата YouTube за телевизори.
Исто така, беше откриено дека YouTube експериментира со воведување реклами кои би се појавиле кога видео содржината е паузирана. Засега не се знае дали ќе се работи за „тивки“ реклами или ќе треба да се исклучи звукот за тишина на паузата.
Што се однесува до решенијата за блокирање реклами, YouTube истражува како да го блокира тоа блокирање реклами. Поконкретно, во иднина YouTube би можел да ја блокира репродукцијата на содржината на својата платформа доколку открие дека гледачите користат алатки за блокирање реклами.