Подобар од Бекам: Македонскиот шармер воодушевува со стилот
Не постои изговор кога е во прашање добар машки стил. Изговорите се „доблест“ на слабите. Не постои ни компромис за добар машки стил- да не се лажеме дека го имаме, ако го немаме.
Се чини ненаметливо, но Ламбро
Патче „гази“ со софистицираниот стил на облекување, но и на однесување. Таквите
џентлмени се се поретки, дефицитарни се кај нас. Овој бистар и паметен човек е менаџер за односи со јавност и
комуникации во „Пивара Скопје“ и каде и да се појави остава силен
печат на околината за кој се зборува дури и кога е завртен со грб- најчесто
грбот- кошулата му е со потпис на „Армани“.
Ламбро е несекојдневен. Појава која не се заборава. И кога си скоро единствен во нешто, епитетите се редат сами по себе. Вистински припадник на класа облекување. Неприкосновен во изборот на костум кој го „размрдува“ со впечатливи, но суптилни детали. На моменти елегантен, веќе во следен класичен со бунтовен предзнак.
Дали е кожена јакна, сако или кошула, местото им го наоѓа мајсторски на себе. Очигледно не е од оние кои „ради реда“ се облекуваат стилски. Тој секогаш е стилски. И на отмени забави, и приватно па дури и кога вози хеликоптер. А вози и параглајдер. Адреналин на високо ниво.
Некои велат дека кој високо лета, поубаво гледа... Така некако би се дефинирал како целина. Навидум едноставен и практичен, но не рефлектира такво доживување- кај него рефлесија е и ставот!
Носи убави часовници одлично усогласени со чевлите, а знае да си игра и со трегери кои не изгледаат на него воопшто вулгарно. Во спортска варијанта е исто така одмерен, но критериумот му е многу висок.
Епа Ламбро, браво! Моден раритет од кој сите треба да учиме.
Небојша Толески