Погледнете го овој часовник: Швајцарско ремек-дело
Познатата швајцарска марка за часовници L’Epee 1839, само што претстави уште еден неверојатен часовник за на маса што ќе ги израдува љубителите на автомобили…
Time Fast D8 е во форма на суперавтомобил е создаден во соработка со студиото Label Noir.
Врз основа на дизајнот на студентот по име Георг Фостер, часовникот L’Epee е инспириран од предвоените тркачки едноседи. Првично беше лансиран во шест различни бои, дизајниран да го имитира “животот“ на тркачките автомобили. Сепак, студиото Label Noir целосно го смени изгледот и чувството на часовникот за маса, давајќи му мат црна завршница.
Должината на овој часовник е малку помала од 38 см. Рачниот механизам за намотување MHD од 1855 година се наоѓа на возачкото седиште и нуди резерва на енергија од осум дена. Времето може да се прилагоди со ротирање на воланот спротивно од стрелките на часовникот. За да го намотувате, треба да ги завртите задните тркала наназад.
Часовите и минутите се прикажани странично на два дискови од нерѓосувачки челик. Од другата страна е логото на Label Noir изработено во жолта боја, како совршен контраст со црниот изглед на часовникот.
Само пет примероци од овој модел ќе бидат достапни за купување, од кои секој ќе биде поединечно нумериран, а цената ќе изнесува околу 35.000 евра.