Погледнете го пентхаусот на славниот водител Џејми Фалон

И иако никогаш можеби нема да можеме да добиеме шармантна смисла за хумор како Џејми Фалон, сега имаме можност да станеме сопственици на неговиот луксузен пентхаус…

Станот во срцето на Менхетн, кој комбинира четири одделни единици на последните три ката на историската зграда на Грамерси, сега може да се купи за 15 милиони долари.

Според официјалниот опис, станот е со површина од близу 500 квадратни метри, има шест спални и пет бањи. Се одликува со оригинални дрвени подови, рамки на прозорците и навлаки, заедно со прозрачна кујна нагласена од широк дрвен остров што може да прими до шест лица истовремено.

Главната спална соба, сместена на последниот кат, располага со сопствен камин, бар, кревет за масажа и седење, заедно со двојно опремени гардеробери и декадентна бања опремена со туш и када. Покрај тоа, станот има и сопствен салон, со опремен бар и гасен камин.

Како што дознаваме, овој стан е полн со тајни историски детали, и навистина не е како кој било друг во Њујорк. Веруваме дека многу брзо ќе ги најде своите нови сопственици.