Погледнете го составот: Доколку Југославија би играла на Европско во фудбал, кои фудбалери би биле во репрезентацијата?

Фудбалската репрезентација на Југославија ги претставуваше Кралството Југославија (1918-41) и СФР Југославија (1943-92) на меѓународните фудбалски натпревари и беше управувана од Југословенската фудбалска асоцијација.

Југословенската репрезентација го одигра својот прв официјален натпревар во 1920 година против репрезентацијата на Чехословачка на VII Олимписки игри во Антверпен. Последниот натпревар репрезентацијата на Југославија го одигра на 25 март 1992 година во Амстердам против Холандија. 

Во својата историја, Југославија има одиграно осум Светски и четири Европски шампионати, и 11 пати на Олимписките игри. Југославија го постигна својот најдобар успех на Светските првенства во 1930 и 1962 година со пласман во полуфиналето. Својот најголем успех Југославија го постигна на Европското првенство во 1960 и 1968 година, каде и два пати беше финалист. 

На Олимписките игри, најдобриот резултат беше постигнат во 1960 година на XVII Олимписки игри во Рим, каде Југославија освои златен олимписки медал.

Во репрезентацијата имаше фудбалери од сите републики кои влегуваа во составот. Некои од нив направија светска кариера и денес со восхит се изговараат нивните имиња.

Но, што ако Југославија не се распаднеше и на Европското фудбалско првенство што се игра моментално, имаше свој настап?

Кои играчи од поранешните републики кои играат актуелно и денес би биле во тој супер состав и со нив, каков резултат би направила Југославија?

Ние го смисливме овој состав:

Горан Пандев- Македонија

Лука Модриќ- Хрватска

Лука Јовиќ- Србија

Стефан Јоветиќ- Црна Гора

Јосип Иличиќ- Словенија

Един Џеко- Босна и Херцеговина...

А, вие дополнете или изменете... Составете ја целосната листа и позицијата... 

Р.М.М