Погледнете ја неверојатната секира што го цепи дрвото скоро сама: Револуционерен изум

Финци - кој друг ќе помисли да направи револуција во областа на раздвојување дрво. Сепак, повеќе од 70 проценти од нивната држава е под шуми, а дури 60 проценти се во приватна сопственост.

Пронаоѓачот се вика Хејки Карна, а неговиот изум е поефикасен од традиционалната секира, бара помалку моќ при работа, не заглавува во дрво и се нарекува „ Vipukirves Leveraxe “.

Секирата е побезбедна за употреба затоа што, за разлика од старинската, дрвото го напаѓа од работ кон центарот и нема страв дека ќе се лизне и ќе го погоди работникот во ногата или во раката. Секирата „Vipukirves Leveraxe“ има два модели кои чинат соодветно 195 и 223 евра.