Погледнете каков стан се издава во Скопје: Македонски Холивуд

Становите за изнајмување во главниот град се едни од најскапите во нашата земја. Се разбира, има и евтини и екстремно скапи станови. Цените варираат, но интересно е тоа што ковид кризата не ја намали цената. Па така, просечно наместен стан од 50 м2. близу централното подрачје се движи од 250- до 300 евра месечно.
Но, има станови кои не само што не се просечни, туку нудат екскузивен престој како во некој хотел со 5 ѕвезди или како во некој холивудски филм... претежно резиденцијални. Гламур, елеганција, софистицираност, ентериер кој го одзема здивот, квадратура како „фудбалско игралиште“... За ваквите задоволства цената разбирливо е да е висока. Секој луксуз се наплатува.
На интернет сајтовите за недвижнини и огласи, конкретно на Реклама 5 наидовме на фантастични станови за изнајмување кои го одземаат здивот.
Првиот е атрактивен четирисобен комплетно наместен стан - дуплекс со нов мебел во Центар, Биси, Бугарска Амбасада. Располага со 180м2, 4 соби (дневна, 3 спални), 2 нивоа, 2 бањи + тераса, 7-ми кат со лифт, Греење на струја, Комплетно опремен.
Цена: 1400 евра за еден месец
Цена: 1500 евра за еден месец
Цена: 1500 евра за еден месец
Фото: Реклама 5