Поголеми или помали: Какви гради мажите најмногу сакаат?
Научниците тврдат дека точно знаат какви гради мажите преферираат, а интересно е дека големината нема најважна улога.
Истажувачите спроведоа интересна анкета помеѓу мажите за да дознаат кој облик на гради се смета за најпривлечен.
Па така, испраша 1000 мажи кои имале задача да ги одберат најубави гради подели во неколку категории - убаво обликувани и мали гради, како што има Кејт Мос, големи и округли како Џенифер Лоренс или бујни како Кети Пери.
Покрај врежаното мислење дека мажите обожаваат жени со огромни гради, се испостави дека тоа не е точно.
На освнова на оваа студија, научниците открија дека посилната половина најмногу сака убаво обликувани, мали гради, а нивна претставничка е супермоделот Кејт Мос.
Но, големите гради и понатаму се на самиот врв на листата, па научниците пробале да откријат зошто е тоа така.
Големите гради се поврзани со високо ниво на естроген кај жената, што укажува на плодност. Сепак, експертите сакале да утврдат дали мажите навистина ги привлекуваат големи гради од таа причина.
„Изгледа дека морфолигијата на женските гради е единствена помеѓу приматите поради нивните масни наслаги“ - напишаа авторите во научното списание „Еволуција и човеково однесување“, со што докажаа дека од самото настанување градите будат чувство на плодност, изобилие и здравје, но и чувство за продолжување на човековиот вид.