Полуфиналето во Европската сребрена лига и натаму е достижно
Додека има позитивнаматематика ќе има и весела географија, а во неа македонските одбојкари се уште може да завршат во Будимпешта на 18-ти на 19-ти овој месец.
Но за разлика одпочетокот на седмиот настап во Европската лига, сега на патот има повеќе препреки.
Првата и основна сме самите ние, односно капацитетот на овој репрезентативен состав да победува. А треба да победи двапати, во Скопје всреда против Романија и потоа в сабота во Тузла против Босна и Херцеговина
Го сторат ли тоа, црвено-жолтите ќе имаат шанса да ја продолжат традицијата и да стигнат најмалку до полуфинале.
Во тој случај нам ќе ни биде потребен триумф на Романија над Албанија и потоа поголем број бодови и подобар сет-количник во пресметката за второто место на табелата.
Оттука, со оглед дека може да решаваат два критериума, Македонија в среда требада ги совлада засега неприкосновените Романци со 3-0 или со 3-1. Со 3-2 ќе загбиме бод којшто може да ги заврши нашите мечти уште в среда навечер доколкуАлбанија се радува против Босна и Херцеговина по три, или по четири одигранисетови. Сепак, иако е отворена секоја калкулација, затоа што сите националнитимови во групата „Б“ се уште можат да бидат во полуфиналето, релноста не дава подеднакви шанси.