Поради неа мажите пријавуваат лажни пожари: Разголена спасува животи, а пожарникарската униформата ѝ „пука“ од градите
Поради неа мажите пријавуваат лажни аларми за пожар: Разголена спасува животи, а униформата на пожарникарка ѝ „пука“ од градите
Анике Енике работи во противпожарната служба, а поради својот изглед стекна огромна популарност на социјалните мрежи.
Не е секојдневие да се види жена вработена во противпожарната служба, особено на терен додека спасува нечиј живот. Затоа ваквите дами привлекуваат големо внимание, особено ако се привлечни и активни на социјалните мрежи. Аника Енике е 36-годишна Германка која на Инстаграм ја следат повеќе од еден и пол милион луѓе, а со своите разголени фотографии редовно ја разгорува фантазијата на мажите.
Анике е наречена најжешката припадничка на противпожарната служба, а кратката руса коса и испакнатите гради ѝ донесоа армија обожаватели. Германката истакнува дека си ја сака работата, како и дека никогаш нема да се откаже од борбата во тешки ситуации на теренот. „Секогаш ќе останам лојална на мојата противпожарна бригада и на спасувањето животи“, рече таа.
Таа не крие колку ужива во комплиментите што ги добива, а е и музички талентирана. Анике свири на саксофон, наскоро ја очекува турнеја со бенд и луѓето ја ангажираат за разни прослави. „Веќе снимив неколку песни и сакав да почнам да свирам, но потоа почна пандемијата. Свирам и на роденденски забави, во клубовите на Ибица, го сакам тоа“, вели таа.
Анике на своите фотографии секогаш ги истакнува градите, а имаше и неколку „лажни аларми“ кои најмногу доаѓаа од мажи. Ако ги погледнете нејзините фотографии на Инстаграм, ќе видите илјадници коментари од посилниот пол, особено под фотографиите во униформа. Анике се‘ уште не ја нашла својата сродна душа и како што вели, сè уште нема планови.