Поради оваа фотографија кај градскиот споменик на манекенка ѝ се заканува затвор од 5 години, таа шокира: „Не знаев дека ова е злосторство“
Поради нејзината објава, револтираните граѓани веднаш реагираа и повикаа полиција.
Манекенката Пим Апатсара (22) предизвика бес кога на 24 март позираше пред споменикот на кралот Рама Први во провинцијата Бурирам во Тајланд.
На социјалните мрежи се појавија нејзини фотографии во кратко здолниште и деколтирана маичка, кои откриваат многу повеќе отколку што се смета за соодветно.
Фотографиите беа придружени со порака: „Ве молам посетете го мојот град“, пренесува News.com.au.
Револтирани граѓани ја известиле полицијата, а манекенката подоцна јавно се извинила и објаснила дека сака да привлече повеќе туристи.
A model is facing five years in prison for taking ‘upskirt’ pictures at a royal monument in Thailand with her act sparking backlash. https://t.co/kAhO3bJG5b
— news.com.au (@newscomauHQ) March 26, 2024
Таа била повикана во полициска станица на 25 март, каде што признала дека ги споделила фотографиите, но не сакала да го наруши имиџот на провинцијата Бурирам.
- По објавувањето на сликите добив бројни критики. Некои ги спомнаа моите родители, што е неприфатливо. Не знаев дека ова е кривично дело – рече таа.
Таа додаде дека секогаш вака се облекува и дека сака да го промовира својот град покажувајќи ги знаменитостите во позадина.
- Откако сликите беа видени на интернет, истражниот тим го идентификуваше корисникот. Нејзиното однесување предизвика големо негодување. Ја повикале во станицата, каде што признала што направила - изјави полковникот Чамрас Сирилеанг.
Сега ѝ се заканува затворска казна до пет години и/или парична казна од 4.000 долари.