Порно актерката Џеси Џејн пронајдена мртва: Еве ја причината за смртта
Ѕвездата од филмовите за возрасни Џеси Џејн почина на 43-годишна возраст, објави TMZ. Според странските медиуми, таа била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Мур, Оклахома покрај нејзиното момче Брет Хасенмулер.
Полицијата, наводно, реагирала откако им се јавил шефот на Хасенмилер и изразил загриженост. Странските медиуми јавуваат дека работодавецот алармирал бидејќи Брет и Џеси извесно време не контактирале со него.
Не се знае како починала двојката, но се претпоставува дека причината е предозирање. Резултатите од истрагата се уште се чекаат.
Нејзиното вистинско име е Синди Тејлор, а работеше за Playboy и се појави во документарниот филм на CNBC „Porn: Business of Pleasure“. Таа се здоби со популарност во 2000-тите и е родум од Тексас.
Учествувала на бројни натпревари за убавина, а се појавила и во епизодна улога во ТВ серијата „Baywatch: Hawaiian Wedding“. Но, таа е најпозната по нејзината улога во филмот за возрасни „Пирати“ од 2005 година, кој е снимен со буџет од еден милион долари и се смета за еден од најскапите досега во порно индустријата.
Таа сними и продолжение, чие снимање наводно чинело околу 8 милиони долари. Во 2017 година таа се повлече од очите на јавноста, а две години подоцна се врати и објави линија на секс играчки.
Таа беше во брак со Рич Тејлор, а во 2000 година роди син.
Фото: ИнстаграмИзвор: 24sata.hr