Посете го најголемиот волшебен снежен лавиринт на светот
Многу Европејци слушнале за Закопане, мал град во Полска, често пати нарекуван зимски главен град на оваа земја…
Тоа е популарна дестинација за зимски спортови, како и за зимски туризам, бидејќи во целост е спектакуларно зимско одморалиште. Сепак, мора да признаеме дека овој дел од светот го знае само - Закопан, дом на најголемиот снежен лавиринт со кој би се гордеел Стенли Кјубрик. Гигантскиот лавиринт е повеќе од десет тениски игралишта и се состои од 60.000 блокови од мраз.
Неговата конструкција траеше околу еден месец, вклучи околу 50 работници и шеесет блокови, а крајниот резултат е вистинска, зимска бајка. Волшебната ледена структура содржи и 16-метарски долг замок, кој е исполнет со простории со скриени богатства и леденици.
Кога ноќта паѓа, лавиринтот се осветлува на многу интересен начин, што ве тера да мислите дека сте го напуштиле светот на реалноста и се најдувате во свет на приказните.
Сноундија, како што се нарекува атракцијата, стана огромен хит кај туристите кои уживаат да шетаат во лавиринтот, набљудувајќи прекрасни скулптури направени од уметници од Полска и Словачка.