Поштарот беше спасен под урнатините од земјотресот во Петриња додека делеше писма: „Како на филм“

Минатиот вторник, поштарот Синиша Кадечка доставил пошта во селото Стражник, Хрватска. Во попладневните часови, тој се вратил во Петриња и разорниот земјотрес го затече на работа.

Неговиот автомобил бил закопан од урнатини, а тој пристигнал во болницата во Сисак со брза помош. Скршил пет ребра, сè уште не ги видел урнатините на неговиот град во живо и сонува да се врати на работа.

"Како филм, како да не сум јас. Колку што се сеќавам, лекарот ме праша каде боли- изјави поштарот Синиша од Петриња за РТЛ.

Поштарот има 25 години. Тој вторник, дел од Првото основно училиште падна врз неговиот автомобил и го прикова да не може да мрдне.

" Одеднаш се‘ се поремети. Гледате како тули паѓаат. Ужасно е, навистина е ужасно. Чувствував како се ме притиска, воздухот исчезнува", рече Синиша.

Тој им се заблагодарува на сите што го охрабрија тој ден

"Не дека бев исплашен, кој вели дека не се плаши од ништо е лага. Не можам да објаснам, особено исчекувањето кога не може да се оди никаде. Момците од пожарната успеаја да го изечат парчето кое ме заглави, а потоа ме извлекоа од вратата на патникот затоа што ме прашаа дали моите нозе се слободни, малку по малку и ме извлекоа “, вели Синиша.

Тој беше примен во болницата во Сисак. Потоа пренесен во Загреб во поштенска униформа. Во болничката соба со него бил и Јосиф, таткото кој со неговиот син ги спасија од распарчен автомобил.

Синиша вели дека Јосип и тој станале пријатели.

Тој вели дека тој ден започнал нов живот за него. 

Денес беше прегледан. Сè е во ред, но со пет скршени ребра тој сепак ќе мора да се одмори. Кога ќе се опорави, ќе се врати на работа.

„Не дека едвај чекам да работам повторно, но едвај чекам да видам дали луѓето се добро, дали успеаја, да разменимепо некој добар збор “, рече поштарот Синиша.

Тој дури и не знае колку време ќе биде потребно за да се достави пошта и да ѕвони на вратите од куќите... а кои куќи, кога делиот град е разурнат...

Извор и фото: Индекс.хр