Потрудете се точно да одговорите: Само еден тест ќе одреди дали ви недостасува тестостерон?

Со годините, организмот старее.Не е ист како на 20 години. И еланот знае да падне ако нешто битно недостасува.

Решете го тестот АДАМ кој е наменет само за мажи и откријте дали ви недостасува тестостерон.

Лесно е да се провери колку тестостерон имате во крвта. Ако неговите нивоа се ниски, терапијата за замена на хормоните ќе помогне.

И покрај стравувањата од терапија со замена на хормоните, новите истражувања потврдуваат дека е безбедна и корисна, може да го подобри општото здравје на човекот и ќе помогне да се избегнат многу болести како што се корорнарна болест, депресија, остеопороза ... Мажите треба да се консултираат со лекар за андропауза, исто како што жените бараат помош кога влегуваат во менопауза.

Ако одговорите на повеќе од пет прашања  потврдно во најчесто користениот тест АДАМ (Андроген дефицит на стареење), побарајте совет од интернист, специјалист по урологија или ендокринолог за андрологија.

1. Дали имате 50 години и повеќе?

2. Дали вашата сексуална желба е намалена во последните шест месеци?

3. Дали имате проблем со ерекција или послаба ерекција?

4. Дали чувствувате недостаток на мускулна сила или издржливост?

5. Дали вежбате поретко од порано?

6. Дали се чувствувате како да не уживате во животот како порано?

7. Дали често сте во без расположение, загрижени или тажни?

8. Дали чувствувате генерален недостаток на енергија?

9. Дали забележавте намалување на телесната висина?

10. Дали често заспивате веднаш после вечерата?

11. Дали имате болки во зглобовите и мускулите?

12. Дали имате ненадејни напади на потење или чувство на топлина?

13. Дали сте уморни и тешко заспивате или рано се будите?

14. Дали често сте напнати или нервозни?

15. Дали би рекле дека сте лесно избувливи и не можете да се воздржите?

Една третина од мажите имаат андропауза

Нивото на тестостерон паѓа за околу еден процент секоја година откако мажот ќе наполни 40 години. Се проценува дека од 30 до 40% од мажите доживуваат андропауза. На 70-годишна возраст, мажите губат половина и повеќе тестостерон.

Со помалку тестостерон, сексуалната функција се намалува, мотивацијата се намалува, густината на коските е повеќе склона кон фрактури, мускулната маса е изгубена, се зголемуваат масните наслаги и постои зголемен ризик од дијабетес тип 2, срцев и мозочен удар.