Повеќе од 30% се мажи на кои сум им направил естетски корекции: Интервју со Д-р Роберт Стојовски
Веќе не е табу тема пластичната и естетската хирургија. Скоро секоја светски позната личност има направено некави корективни зафати. Но, и останатиот свет го прави тоа. Во одредени случаи се работи за тренд, во други за подигање на самодоверба, а кај трети отстранување на некој медицински проблем. Секој со својот избор.
Д-р Роберт Стојовски е специјалист за пластична и естетска хирургија. Еден од најдобрите кај нас. Многу вешт во својата работа, но искрен кога се во прашање екстремните побарувања од наши клиенти, а многу ги имал. Смета дека пластичната и естетската хирургија се составен дел од нашето живеење, дека поддржува се‘ што е во умерени граници, а сето тоа во служба на разувавување, а не огрдување.
Еве што вели за Машки магазин:
*Дали истото се случува и кај нас? Во светот пластичните хирурзи имаат полни раце работа...
- Во последните години се‘ повеќе луѓе сакаат да корегираат некој дел од лицето или телото кој им претставува комплекс или едноставно сакаат да изгледаат по убаво и да го задржат убавиот изглед кој веќе го имаат. Јас како пластичен хирург постојано се едуцирам во најеминентните болници во Европа и учам од колегите во странство со цел да ги донесам светските трендови кај нас и да им пружам одличен резултат со македонски цени.
*А, кои се барањата на клиентките? Што сакаат, дали ви доаѓаат со конкретна фотографија од некоја личност и бараат на пример такви усни, такви силиконски гради, нос...
- Во мојата ординација има нехируршки зафати (филери за кои сум национален тренер за доктори на најдобриот бренд во свет Teoxane , ботокс, пилинзи, прп, мезотерапиитретмани за косопаст, ...) и хирургија во локална анестезија (очни капаци, уши, невуси, атероми, липоми, локална липосукција, подигање на веѓи...) голем дел од пациентите оставаат на мене да направам што е најдобро за нив, јас протежирам минимални корекции - не сум љубител на пренагласени корекции, но има и пациенти кои доѓаат со фотографија како сакаат да изгледаат.
*Дали нашите жени и мажи се навлекоа на ваквиот тренд (кој не е од медицинска природа) и што најчесто корегираат?
- Моите пациенти ги пратат светските трендови и го правиме тоа што најдобро им прилега, секогаш постојат исклучоци ( пациенти кои сакаат по екстремни корекции) секако тоа е нивно тело и нивно право па се корегира по нивна желба, иако многу често не се сложувам со нивните желби.
* Дали користите често ботокс и хијалурон и на кој регии најчесто се користи?
- Филери најчесто се користат за лице ( јаболкници, брада, слепоочници, подочници, уста, вилица...) а ботокс најчесто во горната третина од лицето.
* Дали сте имале екстремни барања и какви?
- Секако и многу често не ги прифаќам. Доколку мислам дека не кореспондира со нивното тело и лице.
* А мажите... Дали Ве посетуваат?
- Повеќе од 30% се мажи кај мене, тоа се пациенти кои сакаат да изгледаат посвежо и помладо без околината да го забележи тоа.
* Каков совет би им дале посебно на мажите во поглед на оваа дејност затоа што кај нас владеат стереотипи...
Да дојдат и да немаат предрасуди, 21 век е! Како што ние ( мажите) забележуваме убави девојки и жени така и спротивниот пол ги приметува негуваните мажи.
* Кои од светските личности имаат направено пластични операции, а Вие од око можете да ги препознаете?
- Скоро сите, бидејки сакаат да го задржат убавиот изглед.
- Секако дека поддржувам додека се‘ е во умерени граници и доколку нештата разубавуваат, а не огрдуваат.
Небојша Толески
Фото: Приватна архива