Повторно одложена премиерата на најновиот филм за Џејмс Бонд: „Нема време за умирање“ ќе го гледаме догодина


Поради пандемијата, премиерата на последното продолжение на најновиот филм за тајниот агент се очекуваше во ноември. Сепак, како што пренесува Ројтерс, било одлучено да се почека со премиерата.

„Дека рекордс“ го претстави и целиот саундтрак (музика од филмот), кој ги слави сите претходни делови од најпознатата филмска франшиза во светот, а најавена е и компилација што ќе ги вклучува водечките песни на секој од филмовите изведени од Кралската филхармонија.

Били Ајлиш е најмладиот музичар што некогаш снимил песна за најпознатиот таен агент на светот, уште во февруари, ја претстави насловната песна на 25-то продолжение на култниот филм за Џејмс Бонд. Сега песната доби и видео запис.

Веќе добро познатата песна, која сега има и видео запис, прикажува и снимки од јубилејното 25-то продолжение на филмот Бонд, со наслов „Нема време за умирање“.


Продуцентите најавија дека ќе го гледаме „Нема време за умирање“ следната година, во април.