Познати се противниците на младинските женси фудбалски репрезентации

Младите женски селекции на Македонија до 17 и до 19 години ги дознаа противниците за следните квалификации што ќе се одиграат 2023 година.

Женската репрезентација на Македонија до 19 години се наоѓа во Б лигата и за противници ќе ги има Израел, Грузија и Гибралтар во рамките на групата 1. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Македонија во период од 3 до 11 април.

Женската репрезентација на Македонија до 17 години во А лигата ќе игра против Германија, Португалија и Унгарија во рамките на групата 3. Домаќин на квалификацискиот турнир е репрезентацијата на Португалија во периодот од 22 март до 30 март.