Пред 17 години во мала просторија на Харвард „се роди“ Фејсбук: Колку „тежи“ Марк Цукенберг денес?
Фејсбук - водечката
социјална мрежа, која исто така е сопственик на популарниот Инстаграм - е
основана на 4 февруари 2004 година, пред точно 17 години
Според сегашните податоци, заклучно со јануари 2021 година, нето-вредноста на Марк Цукерберг е 90 милијарди долари. Неговата компанија профитираше значително за време на пандемијата, поради мерките за карантин.
Сепак, Цукерберг во последно време често беше „под лупа“ поради начинот на кој Фејсбук и другите компании прават деловни активности, а најновите вести се поврзани со WhatsApp и најавените измени.
Да ве потсетиме, на повидок е нова војна меѓу технолошките гиганти. Имено, директорот на Apple ги повика законодавците да ја регулираат работата на Facebook.
Тим Кук рече дека „на технологијата не и требаат огромни складишта на податоци собрани од разни страници и апликации за да успеат на пазарот, бидејќи рекламната индустрија функционира со децении без неа“.
Фото:Tanjug/AP, Pixabay