Предупредување: Оваа апликација ви ги споделува личните податоци
Во истражувањето на компанијата „pCloud“ која се занимава со складирање податоци „во облак“, „Instagram“ е најинвазивна апликација која што корисниците секојдневно ја користат.
Според истражувањето, оваа апликација споделува неверојатни 79 отсто од личните податоци на корисниците со други компании, вклучувајќи и информации за купување, лични податоци и историја на прегледувања.
Според тој извештај, „Facebook“ е на второто место, додека пак апликациите како што се „Signal“, „Clubhouse“ и „Netflix“ не споделуваат податоци со трети лица или пак воопшто не ги користат за маркетинг.
Компанијата „pCloud“ дошла до информациите врз основа на новата политика на приватност на „Apple App Store“, а нивното најново истражување сугерира дека „Instagram“ и „Facebook“ најголем дел од корисничките податоци ги споделуваат со независните компании и масовно ги користат за своите маркетинг активности.
„Не е ниту чудно што на вашиот feed има толку многу промовирани содржини. Со над милијарда активни корисници месечно, загрижувачки е што „Instagram“ е средиштето за споделување на толку голема количина податоци на корисници кои што со тоа не се запознати“, пишува во објавата на блогот од компанијата.