Предупредувањето на д-р Стевановиќ, откри кои се најзагрозените пациенти: Не се лекувајте сами дома

Предупредување!!!

Лекарите секојдневно апелираат да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, да се носат заштитни маски, да се држи социјална дистанца, да се одржува лична хигиена , односно да се мијат раце. Да се заштитат граѓаните себе си и своите најблиски. Но, и покрај вовдените мерки за заштита, секојденвно расте бројот на новозаразени пациенти со коронавирус кај нас, во соседството но и во светот. 

Лекарот Горан Стевановиќ, од соседна Србија предупреди на зголемен број хоспитализирани пациенти кај нив, особено на оние кои имаат сериозна клиничка слика.

- Бројот на позитиви се зголемува од ден на ден, бројот на хоспитализирани се зголемува од ден на ден. Сосема е јасно дека со ова зголемување на бројот на позитивни, односно болни, расте бројот на луѓе со тешка клиничка слика. Во моментов, најголемиот број од оние кои се примени на лекување се од активната популација, која се движи најмногу и е во контакт најмногу.

- Процентот на оние кои имаат најтешки клинички слики е кај најстарата популација.

Д-р Стевановиќ предупреди дека се поголем број на пациенти со тешка клиничка слика се од средновечна популација.

Клиниката за инфективни болести секое утро пречекува премногу пациенти кои се сместени на привремени кревети се додека не се најде сместување во други капацитети, рече д-р Стевановиќ и додаде дека ваква е состојбата во сите болници.

- Најголем проблем се пациентите кои буквално мораат да одат на интензивна нега - рече докторот.

- Повторно расте процентот на оние кои се лекуваат дома, кои сметаат дека ова може да помине самостојно, без совет од лекар или со минимална помош од лекар. Завршува со дијагноза, но потоа, за да се избегне хоспитализација, тие не се јавуваат повторно. Таквите пациенти ни се јавуваат по пет, седум или десет дена домашно лекување и доаѓаат со исклучително тешки клинички слики и буквално одат од вратата до одделението за интензивна нега и тие се најзагрозени.

- Повторно апелирам - не обидувајте се да ја лекувате оваа болест сами дома, таа едноставно не може да помине сама по себе - апелираше докторот.


Фото: Balkanpress