Препораки за заштита на јавното здравје од Македонски Телеком
Во интерес на јавното здравје, Македонски Телеком се придржува до препораките на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство и ги презема сите неопходни мерки за заштита на своите вработени и корисниците, прилагодувајќи го работењето за да обезбеди непречена услуга.
Во услови на заострени мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот, им препорачуваме на нашите корисници да ги користат дигиталните канали за комуникација со нашата компанија, пред сè ТелекомМК апликацијата со која може да се управува со услугите и да се врши електронско плаќање, како и нашата веб страница www.telekom.mk и каналите на социјалните медиуми.
Сите Телеком продавници работат, но со намален капацитет и можно е да се воведе скратено работно време заради заштита на вработените и корисниците, затоа апелираме да ја користиме технологијата и дигиталната комуникација за сите да се заштитиме од потенцијалниот ризик.
Тимовите за поддршка и справување со пречки и Контакт центарот обезбедуваат услуга, но со оглед на ситуацијата се работи со намален капацитет и постои можност од задоцнета интервенција во одредени услови, за што се надеваме на разбирање.
Континуирано ја следиме ситуацијата и препораките од надлежните институции и го прилагодуваме работењето во интерес на корисниците. За сите информации, следете ги нашите канали на социјалните медиуми.