Препреки за него не постојат: Русите направија најдобар камион на светот

Со овој руски камион можете да одите насекаде, едноставно нема пречки за него. Возилото „Шерп“, создадено од Алексеј Гарагашијан, може да се користи на речиси секој терен.

Камионот чини околу 50. 000 долари. Се напојува со дизел мотор Kubota V1505, и покрај тоа што има само 44,3 „коњи“, нема несовладливи пречки.

Неговата максимална брзина на суво е околу 45 километри на час, додека во водата оди со брзина од околу 6 километри на час.

Неговите огромни гуми му овозможуваат да навигира на недостапен терен, а може да видите како изгледа во пракса во видеото.