Придружете ѝ се на револуцијата со појавата на ласерските телевизори на Hisense
Ајде да се соочиме со предизвикот. Телевизорите станаа составен дел од нашите животи. Сакале или не, веројатно, и вие имате еден (или повеќе) во вашиот дом во овој момент. Сепак, начинот на кој го користиме телевизорот толку многу се промени во изминатите неколку децении. Стигнавме толку далеку од големата стара школска CRT ТВ-кутија од 90-тите што некои, можеби, ќе кажат дека тоа веќе не е телевизор според денешните сфаќања. Благодарение на технологијата, екраните постепено станаа поголеми, звукот и сликата станаа многу пообземачки обвиткувајќи се тридимензионално околу корисникот, а новите услуги поврзани со емитувањето целосно ја редефинираа ТВ содржината.
Добредојдовте во новата ера
Hisense го презеде новиот бран на телевизиска консумација и ја направи уште повозбудлива и подостапна. Сите ние сакаме повисок квалитет и искуство од гледање телевизија на голем екран со висока резолуција. Ова е моментот кога стапува на сцена новиот револуционерен ласерски телевизор.
Да, некои може тврдат дека проектор и екран не се, всушност, телевизор. Но, конечно, она на што сè се сведува, тоа е искуството. Кога седите пред ласерскиот телевизор на Hisense, се чувствувате како да гледате телевизија. Технологијата е различна, но искуството е исто, или уште подобро.
Дали ласерскиот телевизор ги исполнува критериумите на класичен телевизор?
Волшепството на телевизорот е во тоа што сè што ви треба е опфатено во едно купување. Ќе го распакувате од кутијата и тој почнува да работи. Па, ласерскиот телевизор на Hisense е токму таков. Ќе го монтирате екранот; поставете го проекторот со ултракраток ласерски дофат (Ultrashort Throw Laser) одоздола и целосно сте подготвени. Речиси целосно. Можеби ќе се препотите при инсталирањето, но верувајте ни, вреди. Ласерскиот телевизор на Hisense има вградени предни звучници со технологија Dolby Atmos со висока дефиниција, вграден ТВ-приемник за редовно емитување и пристап до интерфејсот на паметните телевизори (Smart TV) за да бидете во тек со сите ваши омилени услуги за емитување или стриминг. Освен намалувањето на технолошкото ниво во однос на моментот дека проекторот е откачен од екранот, тука се среќаваат и сите клучни критериуми за телевизор.
Тоа е ласер, но исто така и телевизор!
Ласерскиот телевизор на Hisense располага со екран за одбивање на амбиенталната светлина (Ambient Light Rejection – ALR) од 100" кој веќе изгледа како ултра тенок телевизор. ALR-екранот е дизајниран да прифаќа светлина од одредена насока (во овој случај надолу) и да ја рефлектира директно, подалеку од себе. Овој вид технологија создава совршена поставка за телевизор, бидејќи нема потреба од темна просторија за да се постигне одредено ниво на квалитетот на сликата со целосна резолуција во боја. Светлината од која било друга насока, на пример, осветлувањето на просторијата, прозорците итн., се минимизира и се регулира прикажувањето на сликата на екранот. За возврат, ласерската технологија TriChroma со осветленост од 3.000 лумени ја издигнува живописноста на боите на сосема ново ниво, што резултира со остар, возбудлив квалитет на сликата, без влијание на надворешната средина.
Дали треба да се приклучите кон возбудувањата што ги наметнуваат ласерските телевизори?
Накратко – ДА. Но, особено ако барате:
·висококвалитетен телевизор со голем екран,
·вистинско киноискуство во секаков вид опкружување (дури и во простории со многу прозорци и со интензивна амбиентална светлина),
·совршено поставување за уживање во 4K стриминг-содржина,
·без мака при транспортирање на голем екран (ласерскиот ТВ екран лесно се монтира дома),
·телевизор попогоден за очите (сликата на екранот е рефлектирачка наместо директно насочена кон вашите очи).
Hisense ги поставува стандардите на ласерската телевизија, како иноватор и лидер на пазарот. Ако сте заинтересирани за најновата технологија на ласерски телевизор, истражете го ласерски телевизори на Hisense.
ПР објава