Приказна за човекот кој го „мачеше“ Џоковиќ: Поради него трипати менував маици
Воедно, овој Русин бил и идол на Џоковиќ
Мал е бројот на некогашните и сегашни тренери против кои Новак Џоковиќ играл повеќе од еднаш и да немал ниту еден триумф, а камоли да неосвоен сет! Меѓутоа, Марат Сафин е секако еден од нив!
Контроверзниот руски тренер, за кој се пишуваше дека пијан го играл финалето АО и дека во ложата имал три мистериозни русокоси, два пати играл против Новак за време на кариерата и двата пати славел со 3:0 во сетови.
Својот прв меч, воедно и прв на некој грен слем на Новак, го одиграле во далечната 2005 година, на Австралискиот опен (6:0, 6:2, 6:1) и токму тоа е причината поради што пред почетокот на овогодинешниот се потсетуваме на човекот кој беше пример за Џоковиќ.
Можеби таа 2005 година, Сафин бил апсолутен фаворит против Џоковиќ, но три години подоцна на Вимблдон секако не бил. Србинот тогаш беше трет тенисер во светот, а Сафин како 40 - ти, но сепак повторно славаше со максимален резултат.
„Ми беше еден од примерите. Имавме ист агент, па често трениравме заедно, додека јас бев навистина млад. Многу ми помогна. Се сеќавам, кога првпат го запознав, беше тоа кога се загреваше за неговиот меч во Бангкок. Траеше околу 20 - тина минути. Морав да променам три маици, толку бев нервозен. Кога ќе дојдете во прилика да играте со својот идол, секако дека ќе се чувствувате така“ - рече Џоковиќ пред извесно време и додаде:
„И сега, секако ни недостасува. Неговиот талент ни недостасува, тоа е на прво место. Бидејќи, тој беше фантастичен играч. За тоа сведочи и неговиот пат кон број 1, и две - трите Гренд слем титули, но и оној стил на играње на кој никој не му беше рамен. Беше сестран на терен, но и силна личност. Беше без страв. Вистина, ни недостасува и неговото фрлање на рекетот (смеата), викањето, криците... Мислам дека и навивачите го сакаа од исти причи.“
Самиот Русин никогаш не криеше дека е наклонет на Џоковиќ, а јавноста премногу беше свесна за тоа после оние изјави од август 2019 година.
„Мислам дека Новак ќе го престигне Роџер, бидејќи му остана уште многу време, има 32 години. Секако, зависи од околностите, но доколку биде здрав и доколку продолжи вака да игра ќе биде во состојба да игра до 40 - тата година.“
„Новак има победнички менталитет, голем борец е. Никогаш не се откажува, а кога игра на свое ниво, тешко дека некој може да го победи. Тој доминира со ментална сила и тука е најсилен. Кога е најтешко, Новак е најдобар.“