Природни имуномодулатори без кои не се може
Човековиот организам е во постојан контакт со бактерии, вируси и хемикалии. Изложен e на зрачења и загадувања од различна природа. Имунитетот е способност на организмот да дава отпор на болести со идентификација и уништување на туѓи супстанци или организми. Механизмот кој е задолжен да ја обавува оваа примарна задача за одбрана на нашиот организам е имунолошкиот систем.Основа на имунолошката реакција е да го препознае “непријателот” и да го неутрализира/отстрани од организмот.Физиолошката функција на имунолошкиот систем е да ги спречи инфекциите, но и да ги елиминира постоечките инфекции.
Здравиот имунолошкиот систем е основен предуслов за здравјето на човекот, како и за долг и квалитетен живот.Постои вроден и стекнат имунитет-вродениот имунитет е реакција која троши многу ресурси и за тоа брзо се истрошува и стекнатиот доаѓа да помогне.Супстанциите кои преку нивниот механизам на дејствување го зајакнуваат имунитетот и со тоа ја зголемуваат отпорноста на организмот и неговата ефикасност во одбраната од туѓите штетни влијанија се нарекуваат имуномодулатори.Ако тие имаат позитивен ефект врз имунолошкиот систем, тоа се имуностимуланти, а доколку имаат ефект на потиснување, имуносупресиви. Во зависност од целта на дејството, некои имуномодулатори делуваат на два начина. Тие ја прекинуваат дејноста кога „напаѓачите“ се веќе уништени, со што се спречува развој на автоимуни заболувања.
За добро функционирање на имунолошкиот систем од голема важност е соодветно внесување на важни елементи (имуностимулатори) во исхраната како: цинк, железо, бакар, селен, витамини A, B, C Д и E (се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, интегралните житарици, ореви, бадеми, лешници и некои семиња).
Посебно би го издвоиле значењето на витамините Д и Ц,како и минералот Цинк кои се почесто се користат заедно во комбинација и тоа во облик на прашоци (популарно наречени директ форми) кои се наједноставни за употреба.
Витамин Ц – ги стимулира клетките на одбранбениот систем, го поткрепува и го зајакнува имунитетот и има силно антиоксидативно дејство. Придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста и нормална функција на имунолошкиот систем особеноза време и послеинтензивна физичка активност. При болест расте потребата на организмот од негово внесување.
Витамин Д - го зголемува производството на антимикробни пептиди.Има антиинфламаторно дејство – влијае на растот и диференцирањето на имуномодулаторните клетки и има заштитно влијание на цревниот зид и ја промовира неговата регенерација.
Цинк – битен е за одржување на физичката бариера и интегритет на слузниците.Недостатокот на цинк, негативно влијае на Б и Т-лимфоцитите, забавувајќи ја нивната реакција при инфекции, а доведува и до нивна забавена пролиферација и побавно производство на антитела. .
Витамините Ц и Д и цинк го засилуваат клеточниот вроден имунитет (активности на макрофаги, неутрофили, NK клетки итн.)
Оптималните дневни дози на витамин Ц се 500мг, за витамин Д - 200мг. и цинк - 10 мг. со што практично се покриени дневните потреби.
Мр.Фарм Билјана Мукаетова
Пр објава