Притисокот скока од оваа храна и срцето слабее: Доктор шокираше со изјавата и објасни што предизвикува вакви последици
Доктор Андреј Бобровски, руски нутриционист и доктор на медицински науки, често дава совети за правилна исхрана и која храна може да ни наштети.
Едно од незаменливите јадења на речиси секоја трпеза е чорба со месо. Д-р Бобровски откри дека секоја месна чорба може да биде штетна по здравјето ако не се консумира правилно.
- Докажано е дека многу современи болести се поврзани со постојана употреба на заситени масни киселини, односно животински масти - рече д-р Бобровски и објасни дека мислел на болести како што се атеросклероза, кардиоваскуларни заболувања, срцев и мозочен удар.
Тој откри во што е тајната на едно од најпопуларните јадења и истакна дека редовното консумирање чорба со месо незабележливо му штети на срцето.
Според мислењето на многу лекари, заситените масни киселини имаат негативен ефект врз здравјето, а последиците можат да се појават подоцна во животот, бидејќи, на пример, атеросклерозата се развива со години без да се почувствува.