Проактивни совети за заштита на податоците додека работите во движење

Не дозволувајте лошиот Wi-Fi да влијае на вашата безбедност

Бројот на Американци кои работат на далечина е тројно зголемен од 5,7 на 17,9 отсто помеѓу 2019 и 2021 година. За некои тоа значеше работа во удобноста на домот, додека други избраа постимулативни средини.

Според неодамнешното истражување на BDG Studios/OnePoll на над 1.000 членови на генерацијата Z низ Соединетите Држави¹, речиси 10 отсто од испитаниците рекле дека омиленото место за работа надвор од канцеларијата е кафуле или ресторан.

Имаше учесници кои даваа поживописни одговори, како што се гробишта, кабини од јавни тоалети,, одредени ланци пицерии со механички кукли кои децата ги обожаваат, па дури и циркуси.

„Работев од далечина за време на ТВ снимање каде што бев ангажиран како статист, па можев голем дел од мојата „вистинска“ работа  да сработам преку лаптоп“, изјави еден од учесниците во истражувањето.

Иако некои од овие места се оригинални (во најмала рака), тие исто така покренуваат сериозни прашања кога станува збор за сајбер безбедноста. Од вкупниот број учесници, 61%  изјавиле дека чуваат деловни датотеки на лични уреди, а 63% рекле дека се поврзуваат на првата достапна јавна Wi-Fi мрежа што ќе ја забележат.

Користењето јавна Wi-Fi мрежа наречена INTERNETGUY007може да ви изгледа сосема во ред, но поврзувањето на небезбедна мрежа преку незаштитен уред може да ги стави вашите податоци на сериозен ризик. За среќа, можете да преземете едноставни чекори за да се заштитите себеси и вашите информации.

Поставете виртуелна приватна мрежа или VPN за мрежата на вашата компанија. После тоа, проверете дали секој што пристапува до мрежата на компанијата прво поминува низ тој VPN.

Осигурајте се дека компанијата користи Hypertext Transfer Protocol Secure (HTTPS) за својата страница и поврзаните апликации. На тој начин, податоците за логирање и другите лични информации се чуваат скриени од љубопитните очи кои користати фишинг и MITM напади.


Колку и да е примамливо, оние што работат на далечина треба да изберат мобилен хотспот за користење наместо небезбедна јавна Wi-Fi сметка. Мобилниот хотспот обезбедува дополнително ниво на безбедност благодарение на заштитениот пристап Wi-Fi Protected Access 3 (WPA-3).

Оваа нова функција (веќе инсталирана на паметните телефони Samsung Galaxy) го прави прелистувањето на интернет побезбедно, дури и на јавните мрежи. Таа шифрира најмалку 250 MB од вашиот интернет сообраќај месечно и исто така ги блокира апликациите за следење.

Овој текст е објавен на страницата Inverse на 22 декември 2022. За повеќе информации кликнете тука.

¹Samsung соработуваше со Bustle Digital Group (BDG) при спроведувањето на онлајн анкета помеѓу ноември и декември 2022 година на примерок од 1.000 американски граѓани на возраст меѓу 18 и 25 години.

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, кастинг и LED решенија. За најновите вести, посетете ја http://news.samsung.com


Пр објава