Продажниот салон на „Нептун“ во „Ист гејт“ ќе биде времено затворен денеска и утре

Од тимот на „Нептун“ соопштија дека вчерашното големо невреме што го зафати скопскиот регион, во кое за среќа немаше човечки жртви, предизвика мала материјална штета во еден од вкупно 26 продажни салони на „Нептун“, односно во продажниот салон во трговскиот центар „Ист гејт“. 

За среќа, во невремето не е повреден ниту еден потрошувач или некој од вработените во салонот во „Ист гејт“, единствено е предизвикана мала материјална штета која во моментов се санира. Поради тоа, продажниот салон во „Ист гејт“ ќе биде времено затворен денеска и утре, период во кој ќе се санираат оштетувањата во објектот, ќе се заменат оштетените производи и ќе се изврши дезинфекција на целиот продажен салон. По целосното оспособување на објектот, продажниот салон на „Нептун“ ќе продолжи со нормална работа.   

- Воедно, сакаме да ги известиме нашите потрошувачи дека сите производи кои ги купуваат во „Нептун“ се чуваат и им се доставуваат од главниот магацински комплекс на компанијата кој не претрпе никакви штети при вчерашното невреме.