ПРОФ. КАМНАР МИ ЈА ВРАТИ НАДЕЖТА ЗА НОРМАЛЕН ЖИВОТ БЕЗ ПРЕЧКИ

34-годишната Милица од Неготино од својата тринаесетта годинаживее со ревматоиден артритис и сите  тешкотии што ги носи оваа болест. Нејзината состојба значително се влошила пред 5 години кога се родила нејзината ќеркичка Мартина. Болките станувале сѐ посилни, а Милица тргнала во потрага по решение на својот проблем.

„По бременоста осетив силни болки во колкот и по многу консултации со доктори во земјава и странство, беше востановено дека е потребна замена на колкот. Пет години по породувањењто, примав секојдневни терапии, акупунктури и инјекции за смирување на болките, но тоа беше само привремено решение и маскирање на болките. Бев на консултации во специјални болници за отропедија во Грција и Индија, посетував специјални третмани за лекување. Но, подобрување немаше, а ниту еден од докторите не се нафати да ме оперира, ниту пак ми даде надеж дека ќе бидам добро, бидејќи стануваше збор за сложена интервенција. А јас на ниту едно место не се чувствував доволно сигурна за да ја направам операцијата“ – објаснува Милица. 

Сосема случајно од свои блиски пријатели добила препорака за проф. д-р Виктор Камнар од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Вели дека веднаш закажала преглед и со нетрпение чекала да дојде денот за консултација, бидејќи ѝ рекле дека се работи за вистински професионалец со големо искуство зад себе.

„Од првиот момент кога дојдов на преглед и го запознав д-р Камнар, бев сигурна дека тој доктор ќе ме оперира. Како што првично кажа сѐ, така и испадна. Имав целосна доверба во него. Посветен и стручен, со целосно внимание кон секој пациент. Со вграден вештачки колк, за помалку од 24 часа јас станав од кревет. По интервенцијата се чувствував преродено. Многу ми е жал што претходно не сум го сретнала докторот и порано да ја направам операцијата. Со самото чекање си предизвикав отежнување на ситуацијата и компликации. Овде лежев 4 дена и сум преблагодарна на целиот тим доктори, медицински сестри, болничари и физиотерапевти целосно посветени на пациентите и грижата за нив“, вели Милица.

ПО ТРЕТМАНОТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГИ ИЗВРШУВАМ СИТЕ ОБВРСКИ БЕЗ БОЛКА

По заминувањето дома, таа објаснува дека се чувствува како преродена, како нов човек. По третманот во „Аџибадем Систина“, секој нов ден ѝ почнува со насмевка и без болка.

„Дома продолжив со вежби и самата се чудам како можам да одам, да влезам во кола без да имам болки. Буквално, се преродив. Луѓето се чудат кога ќе ме видат како се движам. Проф. Камнар ми ја врати надежта во нормален живот без пречки. Конечно, се чувствувам како нормален човек. Не се плашам да живеам со артритис, знам дека до мене имам доктор во кој имам 100% доверба“ – вели Милица.

Тимот на Одделот за ортопедија и трауматологија, предводен од проф. Камнар, ја извел интервенцијата за замена на вештачки колк со минимално инвазивен пристап, со зачувување на биолошкото ткиво, без да се сечат и трауматизираат мускулите.  

„Кај пациентката беше спроведен реконструктивен зафат на левиот колк. Од детство, кај пациентката е дијагностицирана и лекувана хронична болест што ги оштетува зглобовите. Состојбата по операцијата е со комплетна елиминација на болка, безболно и уредно стоење и движење без помошни помагала“ – објаснува проф. д-р Виктор Камнар.

Благодарност кон професионалноста на проф. Камнар изрази и ќеркичката на Милица, малата Мартина, која му нацрта цртеж на докторот и му напиша: „Докторе, ти благодарам што ја оздраве мама“. 

ПР објава