Прогласени најдобрите машки парфеми за 2019 година: BLEU DE CHANEL на врвот
Центарот Линколн во Њујорк неодамна беше домаќин на годинешните награди Fi-Fi, формирани уште во далечната 1973 година од страна на Фондацијата Fragrance - најпрестижното здружение на парфимери во светот.
Друго име за овие награди се Оскарите на мирисната индустрија, со најдобри експерти за мириси кои се собираат за да прогласат најдобри меѓу најдобрите во дури 14 категории. Членовите на жирито гласаат за најдобри парфеми, ја оценуваат креативноста на пакувањето и кампањите, а специјалните награди одат на компании чии миризливи композиции се омилени на потрошувачите.
Иако знаеме дека вкусовите се тешки за дискутирање и дека не секој парфем мириса исто на кожата на сите, веруваме во изборот на професионалци за парфеми и мислиме дека мирисите што ги избираат вреди да се пробаат. Подолу се дадени неколку машки композиции што ја освоија наградата оваа година.
DIOR Sauvage Eau de Parfum
За најдобар машки парфем во 2019 година е прогласен токму овој популарен парфем инсириран од дивината.
JOHN VARVATOS JVxNJ Eau de Toilette
Најдобро пакување во машка категорија му припадна на овој парфем во чие креирање учестуваше Ник Џонс.
BLEU DE CHANEL Eau de Parfum Pour Homme Spray
Куќата Шанел како и секогаш доби награда, овој пат во категоријата за луксузен машки парфем, а и награда за најдобра медиска кампања.
PACO RABANNE 1 Million Lucky
Оваа екстравагантна нота е наградена од страна на потрошувашиче.