Проклети пари: Добија 148 милиони фунти на лотарија, ама животот им се распадна
Дека огромното богатство не гарантира среќа докажува и приказната за Адријан и Џилијан Бејфорд, поранешна брачна двојка од Шкотска, која во 2012 година освоила огромен џекпот во износ од неверојатни 148 милиони фунти. Во изминатата деценија, нивниот живот буквално се распадна, наместо да цвета, а сите тие милиони не им донесоа ни задоволство.
Денес, Џилијан истакнува дека посакува никогаш да не ѝ откриле на јавноста дека тие се победниците и признава дека фалењето за добивките ги чинело брак. Тие се разведоа две години откако ја освоија споменатата сума пари.
Жената неодамна реагираше и на веста дека двојката Твајтс, од Глостершир, освоила рекордна лото награда од 184 милиони фунти, велејќи дека ќе мора да научат јасно и гласно да кажуваат „НЕ“.
„Им посакувам среќа и само би ги советувала да бидат разумни. Запомнете дека некои луѓе имаат задни намери. Има некои зборови кои ќе мора да ги научат и ќе мора постојано да ги користат како „Не““, коментира таа.
Џилијан и Адријан подеднакво ги поделија добивките по разводот. Таа се вратила во родната Шкотска од Сафолк и отворила своја агенција за недвижнини и ужива во гламурозен начин на живот. Но, од друга страна, таа со години се бори со разни проблеми: се скарала со нејзината најдобра другарка, па морала да го напушти заедничкиот бизнис со неа, бившиот дечко бил со неа само поради пари, а потоа ја тужел за напад.
Таа сега е во брак со осудениот измамник Брајан Динс, а парот доби дете во 2021 година, на 48-годишна возраст.
Адријан, пак, немал среќа во љубовта - четири пати започнал заеднички живот со четири различни жени, но сите го напуштиле штом се вселиле во неговата луксузна вила. На крајот, во 2021 година, тој го продал овој скап имот по пониска цена од онаа за која ја купил.
Но, она што навистина го потресе животот и на Џилијан и на Адријан до срж е несреќата што ја доживеа нивниот син Камерон. Во септември 2021 година, овој тинејџер, тогаш 13-годишен, удрил со својот АТВ во автомобилот на неговата сестра Ејми (17) на нивниот приватен имот. Камерон падна во кома, но за среќа се опорави.